Трагедија во Аризона: Синот го убил и распарчил татко му по расправија, па ги запалил останките со помош на мајка му
Еден човек од Аризона е уапсен под сомнение дека го убил и распарчил својот татко по расправија, додека неговата мајка се соочува со обвинение дека му помогнала да го отстрани телото и да го исчисти нередот.
Кристофер Чејс (32) од Каса Гранде е обвинет дека го застрелал својот татко Томас Чејс (57) и ги запалил неговите останки во метално буре.
По убиството, Чејс наводно зел три лица како заложници пред да се јави на 911 и да се предаде на полицијата соопшти полицијата на Каса Гранде.
Убиството било откриено кога пожарникарите пристигнале во куќата во 01 часот и 45 минути поради дојава за пожар.
Во тој момент забележале лице кое истрчало од куќата, пишува „Њујорк пост“.
Пожарникарите го повикале да застане и да се врати, но тој продолжил да бега, се додава во соопштението.
Кога полицијата го изгаснала пожарот, внатре пронашла делови од човечко тело. Била повикана полиција која ја презела истрагата.
Околу 30 минути подоцна, Кристофер Чејс повикал полиција од друга куќа и признал дека го запалил телото и избегал од пожарникарите.
Полицијата дознала дека тој во таа куќа како заложници држел жена и двајца мажи. Никој од нив не е повреден.
„Кристофер ги бараше клучевите од нивното возило пред на крајот да се јави на 911 и да се предаде“, додаде полицијата.
Оттогаш, истражителите дознале дека Кристофер и неговиот татко се скарале во саботата, што наводно го натерало синот да го убие својот татко, а потоа да му го распарчи телото.
Засега не е познат мотивот.
„Понатамошната истрага покажа дека неговата мајка Мелиса Чејс (56) му помогнала да го скрие делото и да се ослободи од доказите“, додаваат од полицијата.
Кристофер е во затвор без кауција, додека гаранцијата за мајка му е одредена на 500.000 долари.
Тој ќе се појави на суд на 1 август, пренесува медиумот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа