Тотенхем плати 11 милиони евра за хрватски тинејџер

Рекордни 11 милиони евра плати англискиот прволигаш Тотенхем за услугите на 16-годишниот дефанзивец на Хајдук, Лука Вушковиќ, јавија денеска хрватските медиуми.

-Со договорот за трансфер меѓу Хајдук и англискиот премиерлигаш Лука станува најскапо платен фудбалер на негова возраст во историјата, а официјално ќе биде регистриран за Тотенхем во 2025 година, соопшти хрватскиот клуб.

Хајдук не ја соопшти сумата која ќе ја добие како обесштетување за Вушковиќ, но според медиумите Тотенхем ќе плати 11 милиони евра за младиот дефанзивец.

Вушковиќ дебитираше за сениорскиот тим на Хајдук со 16 години и три денови во дербито против Динамо, а само три денови подоцна постигна гол за својот тим во натпревар од хрватскиот Куп со што стана најмлад стрелец во историјата на сплитскиот прволигаш.

25.09.2023 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега