Тошковски се сретна со Лудва: Соработката ќе биде уште подобра во иднина со заеднички фокус за нејзино уште поголемо продлабочување

 
Министерот за внатрешни, Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Чешката Република, Н.Е. Јарослав Лудва, на којашто заеднички го изразија задоволството од долгогодишната одлична соработка, со акцент на партнерството помеѓу двете министерства, кое изминативе години, особено за време на миграциската криза, но и периодот после се покажа дека е од голема важност за нас како министерство особено во делот на осовременување на капацитетите на МВР.
 
Ја изразив и мојата благодарност, како за поддршката и соработката преку бројните донации за подобрување на капацитетите на вработените во МВР, така и за пружената поддршка со испраќање на чешки полициски службеници на нашата граница за справување со илегалната миграција во периодот од декември 2015 до април 2023 година, што резултира со намалување на интензитетот на миграциските текови, рече Тошковски.
 
Амбасадорот на Чешката Република Н.Е. Лудва, истакна дека нашата држава е од исклучително значење за одржување на безбедноста во овој дел од Европа, изразувајќи надеж дека соработката ќе биде уште подобра во иднина со заеднички фокус за нејзино уште поголемо продлабочување.
 
 
„Билатералните договори меѓу двете министерства се од областа на безбедноста, техничка соработка, реадмисија, борба против криминалот и спроведување на заеднички иницијативи за решавање на актуелните безбедносни предизвици“, посочи Тошковски.
29.07.2024 - 12:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега