Тошковски на средба со бугарскиот амбасадор - разговарано за Акциски план за подобра безбедноста
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета со амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. Жељаско Радуков.
На средбата се разговараше за плановите и начините за продлабочување на полициската соработка преку склучување на Акциски план или програма за соработка помеѓу двете министерства. Во планот ќе се ревидираат планираните и веќе започнатите активности и се планира отпочнување на нови.
Министерот Тошковски преку оваа средба го покани новоименуваниот бугарски министер за внатрешни работи, Даниел Митов во официјална посета на Македонија и МВР, посета која би била од силно значење на натамошно зајакнување на соработката во полето на безбедноста.
Двете страни изразија заеднички став дека од суштинско значење е да се продолжи да се работи на граничната и безбедносната соработка, релација која ќе придонесе и во надминување на предизвиците кои постојат меѓу двете страни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа