Не го пропуштајте рокот за субвенциониран студентски оброк - имате само пет дена за пријавување
Министерството за образование и наука информира дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 март 2025 година.
Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk
Во објавата на МОН се наведени условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. За поддршка при аплицирањето, студентите може да се обратат на е-пошта: [email protected].
-Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат. Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, се наведува во објавата на МОН.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа