Тошковски на средба со амбасадорот на Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз - потврдена досегашната полициска соработка
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз.
На средбата беше потврдена досегашната добра полициска соработка во делот на брза, квалитетна и ефикасна размена на оперативни сознанија, односно редовно постапување по барања упатени од двете држави за различни видови на проверки во сите форми на организиран криминал.
Двете страни се сложија дека сето тоа придонесува за поефикасно координирање и спроведување на активностите со меѓународните криминалистички служби, во борбата против организираниот и другите видови сериозен криминал и дека ваквите традиционално добри односи и соработка ќе продолжат и во иднина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа