„Топлотен бран 2023“ во Кисела Вода за заштита од високите температури: на граѓаните им се делат шишиња вода и препораки
Општина Кисела Вода во соработка со Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода, почна со спроведување на проектот „Топлотен бран 2023“.
„Во насока на заштита и превенција на здравјето на граѓаните, од вчера, кога поради високите температури земјата влезе во портокалова фаза, локалната самоуправа заедно со Црвениот крст излезе со заеднички мерки.
Вчера, во населбите 11 Октомври – згради и во Цветан Димов, а денес и во населбата Драчево и во Пинтија, мобилни екипи составени од возило на Црвениот крст, медицинско лице, претставници од месните заедници во општината, волонтери на Црвениот крст, на граѓаните им делат шишиња вода, а добиваат и препораки како да се заштитат од високите температури“ велат од Општината.
Проектот продолжува и во наредните денови во сите поголемите паркови, на фреквентни локации, на пазарите, на автобуските постојки, во сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода.
Од таму апелираат до сите граѓани за почитување на здравствените препораки на надлежните институции додека трае овој топлотен бран.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа