Тој и беше најголема поддршка и ја финансираше – српската пејачка знаеше дека ќе и почине сопругот и ќе ја завие во црно (ФОТО)
Пејачката Елма Синановиќ неодамна во својата болна исповест исполнета со солзи раскажала за својот живот со покојниот сопруг Смаил Синановиќ кој почина пред две години.
Пејачката раскажала дека преку сопругот започнала да се занимава со музика, па откри и дека тој и бил голема поддршка.
-Преку мојот сопруг започнав да се занимавам со музика. Никогаш не сум пеела, ме викаа само кога ќе се случи некој настан во градот. Не сум пеела никогаш претходно ниту по кафеани, имав 19 години, а 26 бевме во брак, па подолго бев кај него отколку кај моите родители, раскажа таа.
Таа додаде дека тој сакал да успее таа како жена и дека бил одличен маж.
-Имав голема слобода, на тој начин на кој ние функциониравме… тој ми беше се, тешко ми е кога зборувам за него и никогаш не се каам што се омажив рано, вели Елма.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа