Тодор Ношпал: Скопје ќе си остане во истата кал - секој народ има власт каква што заслужува

 

 

Официјална изјава по локалните избори 17.10.2021 г. Ќе се потрудам да стаса до сите медиуми по електронски пат, бидејќи нашето независно новинарство, сигурно нема да има интерес за изјава и објава на моето мислење.

Добро е, јас сум задоволен, засега прв сум меѓу „Останати“ (9-ти).

Мојата анализа е следна: Кога некој во старт има предност, кога нема ни Ф од Фер, ни Д од Демократски, со распределба на средства и медиумска застапеност 3%-97% резултатот е тој.

Кога си предложен како независен кандидат од напредна партија која има заедничка визија за некое поинакво развиено општество, кога си на дното, кога си гладен, немаш пари за сметки и чекаш само некој друг нешто да направи по однос на тоа, резултатот е тој. Мислиш само како да преживееш. И така до недоглед.

Така да размислувал Тесла, немаше да имаме струја. Ајнштајн никој не го разбирал, а фантастиката на Жил Верн денес е сегашност.............

Јасно е зошто Македонскиот народ бил 5 века под турско. Сите соседи биле, но единствен останал без држава и изгубил два големи дела од Македонија.

Психологијата на оние кои се киднапирани и малтретирани и на крајот се поистоветуваат со киднаперот и насилникот е позната во психијатријата. Велат Македонскиот народ не заборава и знае да казни?

Јас ова на овие избори не го видов. Македонскиот народ, граѓаните само се вратија пак 4 години назад.

Скопје ќе си остане во калта во која што се наоѓа, а најверојатно тоа ќе се случи и со Македонија. За жал народот сеуште не е спремен (не верувам дека некогаш ќе биде) за да тргне напред.

Искрено мислев дека е дојдено време за промени. Не зборувам за мојата лична кандидатура, но граѓаните имаа избор и одбраа. Секој народ ја заслужува својата власт.

Благодарам на предлогот на ИНТЕГРА за кандидатурата.

Честитки до Данела и Петре, благодарност на сите кои го дадоа гласот за мене.

И на крај одговор на она фамозно глупаво прашање од новинарите: За кого ќе го дадете својот глас во вториот круг? Немам за кого да го дадам бидејќи никој од оние за кој би го дал не влегоа во втор круг. Нормално гласовите кои ги добив се на оние кои ги дадоа за мене и ќе си гласаат според нивните убедувања. За прв пат во мојот живот за мене чашата е до половина празна за Македонија.

 

Тодор Ношпал - Кандидат на Интегра за Градоначалник на Град Скопје

18.10.2021 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега