ТИРЗ: Од почетокот на годината отворивме 190 нови работни места

 

Растот на извозот и работните места во ТИРЗ продолжува и во февруари. Редовната месечна анализа покажува дека компаниите во ТИРЗ во февруари реализирале извоз од над 330 милиони евра што е за 20% повеќе од јануари годинава. Споредено со вториот месец во изминатите години, извозот сега е повисок за 26% во однос на 2021, односно 53% во однос на 2020 година, а е на исто рамниште со февруари минатата година, потенцираат од ТИРЗ во соопштение испратено утрово до медиумите.

„Регистриран е и раст на увозот во февруари. Компаниите во ТИРЗ оствариле увоз од речиси 270 милиони евра што е за 22% повисок од претходниот месец. Споредено со февруари 2022 извозот е понизок за 10%, но е повисок за 11%, односно 12% во однос на 2021 и 2020 година.

Продолжува и позитивниот тренд на раст кај нето извозот кој заклучно со февруари е 23,5%.

Бројот на вработени во зоните во јануари повторно бележи раст и достигна ниво од 16,500 што е за 14% повисок споредено со февруари 2022. Само во првите два месеца од годинава во компаниите во зоните се отворени речиси 190 нови работни места. Инаку ТИРЗ ја заокружи минатата година со 2300 новоотворени работни места и највисок извоз досега од 3,7 милијарди евра, со што е 2022 е најуспешната година од постоењето на зоните“, стои во соопштението.

11.03.2023 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега