Тинејџери за пари запалиле хеликоптер во Русија
Двајца тинејџери во областа Омск во Западен Сибир се уапсени и обвинети за тероризам поради палење хеликоптер, објави прес-службата на регионалниот суд, пишува „Москва тајмс“.
Каналот на „Телеграм“, „База“, вчера објави видео на кое еден од тинејџерите признава дека упаднал во хелиодромот и го запалил хеликоптерот.
Двајцата тинејџери тврдат дека непознато лице, кое ги контактирало на „Телеграм“ и им дало инструкции, им понудило 20.000 долари.
Но, пораките наводно биле избришани, а 16-годишниците никогаш не ја добиле ветената исплата. Тие сега се соочуваат со обвиненија за тероризам и се во административен притвор од два месеца.
Ова е втор подметнат пожар на хеликоптери во Русија за еден месец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа