Тетовска населба 12 часа без струја
Жителите на населбата Колтук во Тетово поминаа околу 12 часа без електрична енергија, поради дефект на тамошната трафостаница.
Од компанијата Електродистрибуција ДООЕЛ информираат дека дефектот е саниран, по што е продолжено со снабдувањето,а како причина наведуваат преоптовареност на мрежата.
-Вчера околу 19 часот настанал дефект на нисконапонски кабел од дистибутивната трафостаница во населбата „Колтук” во Тетово поради преоптоварување на мрежата, а како резултат на неконтролираното трошење на електричната енергија. Екипите на Електродистрибуција излегоа на терен веднаш по пријавата на прекинот и активно работеа се до санација на истиот. Снабдувањето со електрична енергија е нормализирано и корисниците веќе имаат стабилно снабдување, информираат од Електродистрибуција ДООЕЛ-ЕВН Групација
Според информацијата на Електродистрибуција ДООЕЛ дефектот бил комплексен и затоа било потребно повеќе време за санација
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа