Тешко повреден скопјанец по пад од мотоцикл


Вчера во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.00 часот од место викано „Рамно“ до место викано „Биљак“, по шумски земјен пат на подрачјето на с.Мирковци, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(27) од Скопје изгубил контрола и паднал на патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.А.(31) од Скопје, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

26.05.2024 - 12:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега