Тешко повреден маж донесен во болница, се повредил на работа

На 03.07.2024 во 11:00 часот во Полициска станица Кочани, од Општата болница Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Х.(51) од Кочани.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма во  кочанско.

Известен бил трудов инспектор и извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

04.07.2024 - 22:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега