Апсење во Охрид, повредено едно лице

На 06.07.2024 година околу 14 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е Д.Ѓ.(40) од Охрид кој претходно, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, по вербална расправија, со остар предмет го повредил Н.С.(39), од Охрид, инфомира МВР.

Повредениот е пренесен во Општата болница во Охрид каде, е задржан на понатамошно лекување.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

07.07.2024 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега