Тешко повреден малолетник, управувајќи четирицикл се судрил со автомобил на патот Гостивар – Кичево

Вчера во 18.38 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај с.Трапчин Дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат седичи“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(37) од с.Козица, кичевско, и четирицкл „поларис“, управуван од малолетник од с.Длабкин Дол, кичевско.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

02.07.2024 - 11:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега