Тешка сообраќајка во Скопје: Автомобил удри во велосипедист
Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Миладиновци - с.Текија, скопско, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П.(51) од с.Дељадровце, скопско, удрило во велосипед управуван од Н.А.(69) од с.Миладиновци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
13.02.2025 - 12:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа