Молдавија под удар од руски напади: Експлодираа два дронови

 


Руски беспилотни летала го нарушиле воздушниот простор на Молдавија и две експлодирале на нејзина територија, објави претседателката на земјата Маја Санду, а и романските власти пријавиле два дрона.

„Беспилотните летала ‘Шахед’ го нарушија нашиот воздушен простор. Два експлодираа на наша територија, загрозувајќи ги животите на Молдавија“, напиша Санду на платформата „Икс“.

Министерството за одбрана на соседната членка на НАТО, Романија, објави дека два дрона го нарушиле и нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз Украина во текот на ноќта. Министерството соопшти дека пронашло едно можно место на несреќата и дека спроведува дополнителни истраги, пренесува Ројтерс.

13.02.2025 - 10:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега