Тешка сообраќајка во Богданци, се судрија камион и автомобил


Вчера во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на Регионален пат 1109, обиколница Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксфаген“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(35) од Гевгелија и патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.А.(33) од Нов Дојран.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „хјундаи“, Л.Ј.В.(57) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

27.03.2024 - 11:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега