Левица: Бранителите и нивните семејства се заборавени, а терористите на УЧК се амнестирани и во институциите

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце.
​​​
„На денешен ден пред 23 години се случи најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Од заседа масакрирани, а потоа живи запалени и ѕверски биле убиени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Во нивна чест, денес во Битола беше посетен Споменикот на Бранителите, од Генералниот секретар и Носител во ИЕ5 Јована Мојсоска, Советникот Горан Велевски и Секретарот на ЛО Битола Бранислава Стојановиќ. Положено беше свежо цвеќе и беше оддадена почит на загинатите“, велат од Левица.

Членови на ЛО Битола го посетија и родното место на загинатиот бранител Илче Стојановски, Породин. Положија свежо цвеќе на спомен обележјето на загинатите од Вејце и присуствуваа на настанот оджржан во чест на Бранителот Илче Стојановски.

„И после 23 години, бранителите и нивните семејства се заборавени, а терористите на УЧК се амнестирани и во институциите. Воени злосторства не застаруваат и правда за македонските херои кои го положија животот за Македонија мора да има“, пишуваат од партијата

28.04.2024 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега