Теренот на Националната арена ќе добие нова тревна подлога

 

 

Теренот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе добие нова трева.

„Почнуваме активности во насока на целосна ревитализација на тревната површина и нејзините пропратни елементи . АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката во соработка со Фудбалската федерација на Македонија почнува процес на целосно менување на тревната површина коешто последен пат е изведено во 2012 година. Проектот е донација од ФФМ преку УЕФА и се очекува да биде готов пред натпреварот со Англија на којшто ќе можеме да се пофалиме со нова ,најсовремена тревна површина согласно највисоките стандарди на меѓународните фудбалски институции“, соопштија од АДИССДП.

Вредноста на инвестицијата и на донацијата ќе биде дополнително истакната кога ќе се презентира целиот овој проект како реализиран.

Се очекува новите услови на Националната арена да ги подобрат условите за работа на македонските репрезентации и клубовите кои ќе играат на овој стадион.

03.10.2023 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа