Тејт ја тужи жената која го обвини за трговија со луѓе: „Жртва сум на манипулаторка“

 

 

Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт тужи жена од Флорида, тврдејќи дека лажела кога го обвинила за трговија со луѓе. Тејт, кој е обвинет во Романија за трговија со луѓе, силување и формирање на организирана криминална група, тврди дека лажните обвинувања на жената довеле до негово апсење.

Братот на Тејт, Тристан, исто така се соочува со обвиненија за трговија со луѓе и организиран криминал, заедно со обвинение за поттикнување други да извршат насилство. Браќата Тејт бараат најмалку 5 милиони долари во тужба поднесена против жената, нејзините родители и уште една жена која живеела на имотот на Тејт и нејзината пријателка.

Браќата Тејт тврдат дека групата од петмина се заверила лажно да ги обвини за трговија со луѓе и силување, што ги чини слобода и милиони долари приход. Инаку, браќата беа уапсени на нивниот имот во Букурешт во декември минатата година и беа во притвор до март, кога беа пуштени во домашен притвор, наведува Скај њуз.

Браќата се обвинети дека намамиле седум жени на сексуална експлоатација со лажни ветувања, принудувајќи ги да гледаат порнографија и подложувајќи ги на физичко насилство. Нивните адвокати велат дека браќата се жртви на жена од Флорида која ја нарекуваат „професионален измамник“.

Во тужбата се наведува дека жената имала секс со Тристан Тејт за да се пресели во Романија, а потоа се обидела да ги измами браќата. Кога не успеала да го стори тоа, таа наводно се заговарала со други да дадат лажни изјави на властите, што довело до нејзино апсење, велат адвокатите.

„Браќата Тејт во ниту еден момент не се вклучија во трговија со луѓе“, се наведува во тужбата.

Адвокатите нагласуваат дека жената е „сериски лажго и манипулаторка која ги искористува ранливите, честопати богати, добронамерни мажи за сексуален, финансиски и емоционален профит“.

14.07.2023 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега