Теа Таировиќ закажала 43 настапи низ Европа - ќе заработи вртоглава сума на пари
Теа Таировиќ во рамките на турнејата „Балканија“ има закажано дури 43 настапи низ Европа и за сите ќе наплати исклучително добра сума.
Пејачката знае да направи одлична атмосфера, привлечена е, згодна, има хитови… и за тоа добива огромен хонорар!
Теа добива во просек по 13.000 евра за еден настап! Со оглед на тоа дека од 21-ви јануари до 27-ми мај закажала 43 тезги, само во тој период ќе заработи 559.000 евра! – вели изворот.
-Кога лани објави нови песни, хонорарот на Теа се зголеми повеќе од двојно. Каде и да се појави ги полни клубовите и прави одлична атмосфера Затоа газдите не жалат што добро ја платиле бидејќи знаат дека нејзините настапи се многу посетени, вели изворот за српските медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа