Таткото на Данка: Само за да се разоткрие се, ќе ја отворам вратата од домот и ќе ја раскажам нашата приказна

 

Таткото на малата Данка Илиќ, Милош Илиќ го коментираше изненадувачкото сведочење на еден од двајцата осомничени за нејзиното убиство. Да потсетиме, осомничениот Срѓан Јовановиќ вчера на неколкучасовниот распит изјави дека не е виновен за тоа дело.

Според деталите од сведочењето што протекоа во српските медиуми, тој тврди дека не е виновен ниту за првичниот автомобилски удар во девојчето, ниту за убиството на Данка. Притоа, осомничениот за нејзиното убиство изјавил дека не го ни видел девојчето на 26 март годинава.

„Шокиран сум од ова што се случи денес. Зошто чекаше два месеци за да демантира се сега. Се надевам дека оваа агонија ќе заврши што е можно поскоро, не го очекував ова. Морам да кажам дека ме погоди, а детето нема да им го простам“, рече таткото на Данка, Милош Илиќ, коментирајќи го потегот и однесувањето на осомничениот за убиството на неговата ќерка.

Тој рече дека е сосема нечуено осомничениот да негира се.

„Ја крена цела Србија на нозе, сите чекаа да открие нешто, а тој рече – немам врска со тоа. Верувам дека тој можеби знае нешто“, рекол таткото на Данка.

Тој откри дека поради негативните коментари во јавноста дека неговото семејство е вмешано во ова грозоморно злосторство, тие се повлекле од социјалните мрежи, пренесува Блиц.

„Ги изгасивме мрежите, не можеме да ги читаме коментарите во кои не обвинуваат. Па кој нормален би му наштетил на своето дете. Само за да се разоткрие се, ќе ја отворам вратата од домот и ќе ја раскажам нашата приказна“, рече Милош.

Запрашан како тој и неговата сопруга се држат сите овие недели по убиството на нивната Данка, тој едвај проговори: „Засега се држиме поради нашиот син и бебето што го очекуваме“.

05.06.2024 - 09:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега