Таткото-монструм немал милост: Познато е како си ја убил својата 2-годишна ќерка Петра

Девојчето (2) кое во Вршац беше убиено од татко ѝ Марко Б.(35) и се обеси, како што дознава Телеграф, починала од задушување, односно гушење со вода.

-Наодите од обдукцијата се комплетни, детето се удавило, изјави соговорникот на српскиот портал, од истрагата за овој случај.

Марко со години ја малтретирал сопругата Сузана, што било причина таа да поднесе барање за развод.

И покрај сето тоа, Центарот за социјална работа вчера му дозволи на таткото да го земе детето со себе и да го добие старателството. Денеска не одговараа на прашања за „Телеграф.рс“, а дрско ја спуштија слушалката кога новинарите сакале да ги контактираат.

Марко вчера го удави детето во сад со вода, па се обеси. Пред злосторството, на сопругата Сузана и испратил порака – „Ќе го убијам детето, па себеси“.

Трагедијата се случила вчера околу 15 часот во Вршац.

Девојчето Петра ќе биде погребано утре.

05.10.2022 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа