Таравари за таткото на повредено дете кој продава имот: Лекувањето е бесплатно, нула денари
За таткото кој продаваше имот, а се прошири веста дека тоа го прави за да покрие трошоци за своето дете кое е на лекување во Анкара, беше прашан министерот за здравство, Арбен Таравари. Тој рече дека сите трошоци се покриени од Владата, а парите се префрлени во вторникот и средата. Според него, средства не добиле само тие кои не оставиле сметки.
„Уште еднаш ќе повторам, за сите пациенти лекувањето е бесплатно, нула денари. За сите пациенти по двајца членови од семејствата имаат авионска карта, плус е обезбедено и сместувањето на двајца од семејството. За сите. До денеска, од Владата во понеделник или вторник се пуштени парите. Тие сметки што се дадени. Можеби некој не дал сметка за да биде пуштено. Владата, буквално сите трошоци, за сите пациенти, се покриени. Транспорт на пациенти, лекување на пациенти, транспорт на родителите, се е покриено од кај нас. Можеби ако некој не дал податоци и да биде исклучок“, рече Таравари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа