Таравари: За неколку дена ќе се знае од што почина родилката во кумановската болница

 

Комисија составена од од пет члена, меѓу кои двајца гинеколози, анестезиолог, неонатолог и претставник од Министерството за здравство го истражува случајот со 31-годишната родилка која минатата недела почина во кумановската болница.

Министерот за здравство кој побара стручен надзор за случајот вели дека го чека извештајот кој ќе треба да покаже дали имало лекарски пропуст во третманот на родилката.

„Комисијата работи, нас ни требаат осум дена. Утре имаме прес – конференција 100 дена Влада, сигурно ќе имаме и првични информации. Чекаме и резултати од обдукцијата и ќе видиме. Не би сакал да шпекулирам, да почекаме уште неколку дена и ќе видиме дали имало лекарска грешка или не, истакна Таравари на новинарско прашање“. – Арбен Таравари министер за здравство.

Претходно контрола во кумановската болница и кај матичниот гинеколог изврши и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Надзорот покажал дека родилката редовно се прегледувала кај матичниот гинеколог, навремено се јавувала во текот на бременоста, правела редовни контроли и била во добра здравствена состојба при втората уредно контролирана бременост.

 

Случајот го истражува и Јавното обвинителство од каде побараа обдукција и според последните информации ги чекаат потребните анализи од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба.

03.10.2024 - 20:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега