Таравари се пожали: Не хакираа

 

Лидерот на Алијанса за Албанците и претседателски кандидат на албанската опозиција, Арбен Таравари вчера испрати официјална е-маил порака во која тврди дека каналите за комуникација му се хакирани

Преку ова соопштение ве известуваме дека каналите за информирање на Алијансата за Албанците се хакирани од злонамерни поединци
Против злонамерните лица за вакви сајбер криминали ќе бидат преземени неопходните законски мерки. Ниту едно соопштение од узурпираните комуникациски канали не претставува официјален став на Алијансата за Албанците и нејзините легитимни тела, до разрешување на ова прашање, за што ќе бидете навремено известени.
– се вели во партиското соопштение во кое се прецизираат и адреси и контакти преку кои новинарите можат да ја комуницираат партијата.
Таравари се уште е во отворен судир со Зијадин Села кој се прогласи за нов лидер на партијата за која актуелниот се уште смета дека има право да ја води. Случајот е пред надлежниот суд.

07.03.2024 - 09:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега