Таравари: Сам си платив превоз и хотел во САД за инаугурацијата на Трамп

 

Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека сам си платил превоз и хотел во САД, каде беше дел од инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

-Јас во САД отидов во сабота и стигнав во недела. Во вторник наутро тргнав назад. Значи два работни дена не бев тука. Цело време бев во комуникација за се што се случува тука. сметам дека и министерот понекогаш има право да оди на патување каде што смета дека е важно за него. Јас сум министер, но, истовремено сум и претседател на партија. Имам пријатели во САД кои што ми обезбедија покана. Планот беше инаугурацијата на Трамп да биде надвор, дури имаше и обезбедено седиште во тие 2000 планирани кои беа предвидени, но, поради временските услови се одржа внатре. Имав прилика да видам како се слави, не успеавме во сите настани, но бев на инаугурациски појадок, вечера, како и балот. Атмосферата е фантастична, кажа Таравари во емисијата „24 анализа“.

Вели дека посетата била приватна и не потрошил ниту денар од службените патувања.

- Сам платив превоз и хотел, рече Таравари во емисијата „24 анализа“.

28.01.2025 - 09:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега