Таравари: Кумановската болница ќе добие нови апарати, инфраструктурно доуредување и подобрување на кадровскиот потенцијал

 


Нови апарати, инфраструктурно доуредување и подобрување на кадровскиот потенцијал ќе добие кумановската општа болница. Министерот за здравство, Арбен Таравари, при денешната посета на установата рече дека новата стратегија која подготвува министерството, која ќе биде готова до крајот на наредната година ќе ги утврди приоритетите за здравствените установи.

- Куманово после Скопје е вториот по големина град во Македонија. Прв пат доаѓам во општа болница во Куманово, изгледот е разочарувачки, искрено не дека само во Куманово во повеќето болници со ретки исклучоци изгледот е ваков и сериозно треба да седнеме и да разговараме што можеме во идниот период да направиме. Секако немаме магично стапче и да кажеме од идната или од оваа година ние сè ќе средиме, бидејќи е невозможно, многу работи зависат од финансии, буџетот го наследивме, така како што наследивме и се обидуваме барем преку апаратура оваа година, идната да видиме ако успееме да започнеме две болници коишто се започнати да се градат во Македонија, едната од 1998 година во Кичево, втората во Штип, почната 2010/11 така што за Куманово да видиме што можеме да реновираме како што тоа го правиме во Битола, Гостивар, Тетово, Струга, Охрид … одделенија каде што треба да се интеревенира наеднаш, што побргу да се подобрат условите, изјави министерот.

Близината со Скопје е позитивна за кумановци, Министерството ќе утврди што е најважно и што е потребно да се инвестира во здравствената установа која го покрива североисточниот плански регион. Министерот Таравари вели дека е потребно да се инвестира што ќе покаже стратегијата која ресорното министерство ја подготвува со Светската здравствена организација.

- Инаку, генерално ја мислам како држава ни треба и стратегија тоа што го кажавме, Куманово од Скопје е 30, 40 минути оддалечено тоа е веќе една позитивна страна за Куманово, но сепак и овде да видиме што е најбитно и најважно што треба да се работи, кај треба да се инвестира, да не правиме луксузи, не ни треба во сите градови да имаме секакви специјализации за покомплицирани случаи, коишто реално и немаме човечки ресурси во одредени болници, така што во стратегијата која веќе ја подготвуваме какао МЗ заедно со СЗО која треба да биде готова до крајот на следната година ќе видиме и да видиме кои приоритетите за инвестиции толку колку што можеме, додава министерот.

11.11.2024 - 15:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега