СЗО: Работник на ОН тешко повреден во израелски напад врз Јемен

 

Вчера во израелски воздушен напад на главниот аеродром во Јемен е ранет работник на ОН и со сериозни повреди е пренесен на лекување во Јордан, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Израелските власти соопштија дека погодиле повеќе цели поврзани со Хутите, јеменско движење на страната на Иран, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром во главниот град Сана, а медиумите на движењето наведуваат дека најмалку шест лица се убиени.

„Нападите врз цивили и хуманитарци мора да престанат, насекаде“, напиша генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус во објавата на Икс, покрај фотографија во авион од повредениот човек на носилка.

Тедрос беше на аеродромот и чекаше да замине кога се случи воздушното бомбардирање, при што беше повреден човек кој работеше за хуманитарната воздушна служба на ОН. Портпаролот на СЗО изјави дека мажот е тешко повреден.

Шефот на СЗО потврди дека тој и персоналот на ОН сега се во Јордан.

Мажот беше успешно опериран, а потоа евакуиран на понатамошно лекување, изјави Тедрос.

Тој беше во Јемен за да преговара за ослободување на притворениот персонал на ОН и да ја процени хуманитарната ситуација.

27.12.2024 - 20:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега