Светот тагува: Почина легендарниот пејач Тони Бенет

На 96-годишна возраст почина легендарниот поп и џез пејач Тони Бенет.

Бенет е добитник на 20 Греми и една награда за животно дело. Во неговата богата кариера продаде милиони плочи низ целиот свет а имаше и настапи со познати личности како Френк Синатра и Лејди Гага.

Во 2016 година му беше дијагностицирана Алцхајмерова болест. Сепак, тој и тогаш се одликуваше со својот позитивен став и желба да се бори со оваа болест. Тој велеше: „Животот е подарок – дури и со Алцхајмерова болест“.

Тој продолжи да ги изведува своите последни настапи, заедно со Лејди Гага, дури и во напредната фаза на Алцхајмеровата болест.

21.07.2023 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега