Сунак: Секој кој илегално ќе влезе во Велика Британија нема да може да остане

 

Секој кој илегално ќе влезе во Велика Британија ќе биде спречен да остане, изјави денеска британскиот премиер Риши Сунак.

Во интервју објавено во весникот „Мејл oн сандеј“, Сунак рече дека очекува следната недела да биде усвоен нов закон за регулирање на ова прашање.

Под притисок на законодавците да се најде решение за мигрантите кои илегално доаѓаат во Велика Британија со мали чамци преку каналот Ламанш, Сунак го вклучи ова прашање во пет клучни приоритети.

„Немојте да погрешите, бидејќи ако дојдете овде илегално, нема да можете да останете“, рече Сунак.

Новиот закон за решавање на ова прашање треба да биде усвоен во вторник, пренесоа британските медиуми.

Само минатата година повеќе од 45.000 луѓе влегле во Велика Британија преку опасниот канал Ламанш.

05.03.2023 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега