Судот во Белград пресуди: Ѓоковиќ не ги лажирал ПЦР тестовите во декември
Судот во Белград ја отфрли пријавата од пред десеттина дена дека ПЦР тестовите на Новак Ѓоковиќ се лажни и објави дека тестирањата на светскиот тениски ас на 16. и на 22. декември се валидни.
Пријавата стасала преку електронска пошта од лицето Будимир Гром, а се однесува на кривично дело, фалсификување на документи. Во пријавата било наведено дека непознати лица направиле фалсификувана потврда за извршен ПЦР тест, што наводно потоа ја искористил Ѓоковиќ за да бара дозвола за влез во Австралија.
Судот ја отфрли пријавата на Гром како неточна и објави дека Ѓоковиќ има валидни ПЦР тестови на 16. декември и потоа и на 22. декември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа