Студентките и ученичките во Иран без хиџаб нема да може да следат настава

 

Министерството за образование на Иран објави дека на студентките и ученичките во универзитетите и училиштата нема да им биде дозволено да посетуваат настава доколку не се придржуваат до строгите правила за облекување. Тоа значи дека на студентките и ученичките кои не носат шамија, односно хиџаб, нема да им биде дозволено да слушаат предавања. Новите правила беа објавени по протестите кои започнаа минатата есен низ целата земја, објавија иранските медиуми.

Неколку ирански медиуми по објавата на соопштението ја пренесоа информацијата за оставка на министерот за образование Јусеф Нури, која претседателот веднаш ја прифати.

Како причина за оставката на Нури беше наведено доцнењето на исплатата на платите на наставниците пред персиската Нова Година. Во меѓувреме, прашањето за кодексот на облекување на жените го подели иранското општество.

03.04.2023 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега