Студ нема да има - временска прогноза за цел ноември


Овие неколку денови до крајот на оваа работна недела и можеби нешто на почетокот на наредната ќе бидат последните во кои во оваа календарска година ќе ни донесат убаво време. Не дека ноември ќе биде нешто многу студен, но температурите, особено во вечерните и утринските часови ќе бидат значително пониски, но сепак над просекот за овој период на годината.

За време не викендов се очекува влажен бран кој ќе донесе пообилни врнежи од дожд кои би требало да престанат некаде во недела. Новото разведрување во првиот понеделник од ноември ќе се задржи до средина на идната недела кога повторно се очекуваат врнежи. Идната недела ќе имаме неколку дена со температура над 20 степени а најниските утрински ќе се движат околу 5 степени.
Постудени денови може да се очекуваат кон средината на ноември. Тогаш се најавува променливо време но без многу врнежи со температури кои на дневно ниво ретко ќе надминуваат десетина степени додека утринските и натаму ќе се задржуваат во позитива.
Првиот мраз се очекува во втората половина од ноември но и натаму дневните температури нема да бидат многу ниски и во некои денови ќе надминуваат и 10 степени. Утринските ќе одат под нула но само неколку степени.

 

Интересно е што ноември минатата година бил уште потопол од она што се предвидува за овој ноември. Архивите покажуваат дека во првата недела од ноември лани температурите надминувале и 25 степени. На пример на 1 ноември лани во Скопје биле измерени 25 степени, наредниот ден температурата се искачила до 24 степени. 

31.10.2023 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега