Стоун: Путин е голем лидер и народот го сака

 

 

Американскиот режисер Оливер Стоун изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е голем лидер на својата земја кој народот го сака.

„Мислам дека Русија прави добра работа кога станува збор за нуклеарната енергија. Кина е исто така лидер во таа област, но никогаш не успеав да навлезам во Кина, што е штета за филмот што сакав да го снимам. Но, Путин е одличен лидер на неговата земја и народот го сака“, изјави Стоун во интервју за „Гардијан“, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека негов омилен претседател бил Џон Кенеди и дека е љубител на мирот, додека Џо Бајден е „воин во најлоша смисла на зборот“.

Стоун претходно сними документарен филм за претседателот Русо врз основа на долг разговор со него.

Во 2016 година, заедно со украинскиот режисер Игор Лопатенок, продуцираше филм за настаните од 2014 година наречен „Украина во пламен“.

Неколку години подоцна, двајцата режисери снимија документарен филм „Откривајќи ја Украина“ во кој беше прикажано интервју со рускиот претседател.

И двата филма беа прикажани на руската телевизија, пренесе ТАСС.

02.05.2023 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега