Столтенберг: Не сакаме војна со Русија, но мора да бидеме подготвени

 

Германските медиуми пишуваат дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги повикал Европејците да произведуваат што повеќе оружје, се со цел зголемување на сопствените резерви и зголемување на испораките кон Украина.

За германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ Столтенберг изјави: „Мораме побрзо да ја обновиме и развиеме нашата индустриска база со цел да ги зголемиме испораките за Украина и да ги надополниме сопствените резерви. Ова значи дека е неопходно да се премине од мирно време бавно производство на брзо производство во време на конфликт“.

Столтенберг додаде дека нема непосредна воена закана против НАТО сојузниците, но во исто време Кремљ постојано се заканува на земјите од НАТО.

„Се додека инвестираме во нашата безбедност и останеме обединети, ќе продолжиме да ја одвраќаме агресијата. НАТО не сака војна со Русија, но мора да се подготвиме за конфликт кој би можел да трае со децении“ – додаде Столтенберг.

10.02.2024 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега