Столтенберг: Алијансата продолжува да ја поддржува БиХ
НАТО ќе продолжи да ги поддржува Босна и Херцеговина, Молдавија и Грузија, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
На прес-конференцијата по средбата на министрите за надворешни работи на алијансата во Брисел, тој рече дека иднината на Украина е во „евроатлантското семејство“.
Според него, идното членство на Украина во алијансата треба да се заснова на тоа дека Украина е независна и демократска држава, која сега е загрозена од војна.
Столтенберг посочи дека членките на алијансата се согласиле Шведска да стане членка што е можно поскоро, откога Финска и официјално беше примена во НАТО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа