Стојаноски: Распуштање на Советите на судии и јавни обвинители мора да има, двајца членови фатени во поткуп
„Распуштање на Советите на судии и јавни обвинители мора да има, двајца членови фатени во поткуп, а друг судија го пушти во домашен притвор Блерим Рамадани за да избега. Наќе Георгиев и Иџет Мемети, од кои едниот беше член на Судскиот совет, а другиот заменик претседател на Советот на јавни обвинители не се единствените кои треба да одговараат. Тие го земалe поткупот и извршиле притисок, а по нивиот притисок постапиле и други судии и обвинители“, рече Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Одговорност и разрешување мора да има и за судијата и обвинителот во случајот со Боро Марлборо, тие не се достојни да ја извршуваат функцијата, а институциите да откријат дали и кај нив завршиле дел од парите.
Целиот систем е трул. Одговорност мора да има и за Пајазит Пајазити кој прифати Иџет Мемети да помине со условна казна, иако признал дека земал мито и влијаел на судски одлуки. Што требал Мемети повеќе да направи за да добие затворска казна?
Истиот тој Пајазит Пајазити е судијата кој го пушти во куќен притвор Блерим Рамадани за да може да избега.
Очигледна е спрегата и корумпираноста на Наќе Георгиев, Иџет Мемети и Пајазит Пајазити, но и сите луѓе кои тие ги назначувале, а се судии и обвинители. Затоа е потребно целосно распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Ако остане вака народот целосно ќе ја изгуби довербата во судскиот систем“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа