Стојаноски: Нема да го прифатиме предлог законот на опозицијата

 

Во вечерашното издание на емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој во фокусот ја стави темата за минималната плата, за дијалогот што се води на Економско-социјалниот совет, притоа ги наведе и неуспешните мерки од страна на опозицијата кои се повторуваат и се тотално неимплементирачки.

-Нема да го прифатиме законското решение на опозицијата, бидејќи ако идеме прво по тоа кој го предлага, видете ги само ликовите коишто се во економскиот тим на СДСМ и кој ги промовира економските сегашни политики на СДСМ, тоа не се луѓе коишто нови се сега на политичката сцена со свежи идеи, туку се истите луѓе коишто ја донесоа Република Македонија до таа економска состојба и практично и ова е уште едно од низата на промашени и неимплементирачки мерки, Кочо Анѓушев овој сега што е на црната листа, ја промовираше оваа мерка и од тогаш почна таа спирала на покачување на инфлација, вели Стојаноски.

Пратеникот Стојаноски потенцираше дека опозицијата треба да биде сериозна кога станува збор за законски решенија а не само да ветуваат притоа да не го исполнуваат ветеното и образложи како се движело покачувањето на ДДВ-то за време на нивното владеење.

-Значи треба да бидеме сериозни кога нудиме некои законски решениј,а исто тоа и со ДДВ беше, вие го покачивте ДДВ-то на електричната енергија од 5% на 10% па на 18% видовме зошто, пола раководство сега во моментот е во притвор другите се во бегство, додека за храната вие бевте тие коишто го покачивте од 5% на 10%, така да во таа рамка им се движат ветувањата и нивните предлози, рече Стојаноски.

Во емисијата пратеникот наведе дека се што ќе договорат работниците и работодавците на Економско-социјалниот совет ќе се прифати, затоа што тој тоа го смета како најсоодветно демократско решение.

-Секогаш кога разговараме за минимална плата, колку и да ја направиме минималната плата, бидејќи таа се регулира со закон по формула којашто е договорена во 2022 година потврдена со општ колективен договор, којшто не сум го потпишал јас, го потпишале тие коишто сега бараат и надвор од формулата да се излезе, треба да биде исплатена бидејќи секој што зема минимална плата треба реално таа плата да ја прими. Ние во нашата политичка програма со којашто победивме на изборите, регулирана е политиката и за даноците и за придонесите и тоа за нас е затворено, има закон којшто ја регулира минималната плата и ние велиме во тој Економско-социјален совет каде што дијалогот сè уште трае, ние велиме нека се договорат работодавците и работниците, ако едните се сигурни дека можат да ја испорачаат продуктивноста а другите можат да го издржат тоа и да го платат, тогаш ние како држава ќе прифатиме, за нас е прифатливо се што ќе се договорат тие две организации, на таа маса на којшто седат, мислам дека е тоа демократско исправно решение, вели Стојаноски.

04.03.2025 - 21:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега