Стојаноски: Филипче да каже дали 3.5 милиони евра од тендерите на Марковски компани преку фирмите блиски до Заеви ќе завршат во СДС

 

6 милиони евра во неколку тендери поделило раководството на РЕК Битола и ЕСМ од СДС за 10 дена на Марковски компани, изјави на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите тендери кои ги добиле Марковски компани се за ремонтни работи, т.е. ангажман на специјализирана работна рака. Како што веќе објавивме, цените за час работа се за 150% поскапи од лани. Договорите се јавно објавени и достапни на јавноста и обвинителството. Очекуваме од ЈО да реагираат и отворат постапка“, вели Стојаноски.

Според него, фактот што Филипче молчи за овие тендери на неговите сопартијци говори дека очигледно истиот има интерес од тоа.

„Јавно го прашуваме Филипче да каже дали разликата во цени на тендерите од 6 милиони евра, што е околу 3.5 милиони евра треба да заврши во СДС? Филипче да каже дали начинот на испумпување на парите е преку фирмите на Заеви и ним блиски кои до сега се јавуваа како подизведувачи на Марковски компани или како изнајмувачи на механизација? ЈО да не чека и да отвори постапка. СДС ја ограби државата. Одговорност едноставно мора да има“, посочи Стојаноски.

12.08.2024 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега