Стојаноска: Владата на Мицкоски за 30 дена донесе бројни инвестиции и капитални проекти
„Кога на 23-ти минатиот месец зборував за предлозите на тогаш идниот премиер за министри напоменав дека никого нема предвреме и неосновано да фалам. Денес е точно 30-ти ден оттогаш и денес премиерот ни предлага имиња за заменици министри за во Владата на Република Македонија, истакна пратеничката Дафина Стојаноска на денешната седница на Собранието.
„Да видиме што сработеа тогаш предложените гласани министри на чело со премиерот Мицкоски во текот на изминативе 30 дена. На 25-ти јуни, објавена инвестиција на „Алказар Енерџи“ од околу 450 милиони евра за целосна енергетска независност, струја за 100.000 македонски семејства и работа за 630 македонски граѓани. На 26-ти јуни после точно 100 години почеток на изградба ново училиште во општина Кисела Вода, инвестиција вредна 1,5 милиони евра за околу 500-тини ученици.“, потсети Стојаноска.
Пратеничката посочи дека на 27-ми јуни се изнајде решение за покачување на пензиите за над 300.000 пензионери. На 28-ми јуни се одржа прва владина седница на која што се донесени одлуки за повисоки пензии и укинат Факултетот за здравствени услуги во Струга.
„На 29-ти јуни се одржа средба на премиерот Мицкоски со министерот Тошковски и објава на јасна порака од премиерот и министерот дека никој не е над народот, над законите и над Уставот. На 30-ти јуни се донесе решение 250 милиони евра за развој и капитални проекти на општините. На 1-ви јули се стави камен темелник на нова градинка во Бутел за над 200 дечиња, во вредност од над 100 милиони денари“, истакна таа.
Стојаноска додаде на 2-ри јули се донесе одлука за укинување на економските директори по здравствените домови, универзитетските клинички центри, универзитетски клиники, клинички болници и институти. Таа потсети дека на 4-ти јули е започната изградба на спортска сала „Партизан“ во Гевгелија и пуштен булевар од Гевгелија до граничниот премин „Богородица“.
„На 5-ти јули имаше објава на нова германско – белгиска инвестиција во Македонија, нов производствен погон во општина Петровец вреден 20 милиони евра за вработени 110 македонски граѓани“, појасни пратеничката.
Стојаноска укажа дека на 8-ми јули се објави и американска инвестиција во Македонија вредна 35 милиони евра и 100 нови вработувања. На 10-јули беше учество и обраќање на премиерот Мицкоски на НАТО Самитот во Вашингтон. На 13-ти јули преку 20 средби на македонскиот премиер и министрите од делегацијата со лидери на држави членки на НАТО. На 14-ти јули се изнајдоа решенија за финансирање и функционирање на клиничката болница во Штип и кичевската болница, како и интензивни комуникации со соседни и пријателски земји околу добивање на нивна помош и вклучување во гасење на пожарите низ Македонија. И ред други капитални инвестиции се случија во текот на овој месец но и остварување на бројни билатерални средби.
„Засега имаме Влада како никоја друга досега ги започна првите триесет дена. Отворени се фронтови на сите полиња, како во борбата со криминалот, така и во отворањето и изнаоѓање на нови инвестиции, како во изнаоѓање на начин за покачени пензии во износ од 2.500 денари веќе од септември оваа година, така и во кратење на економските директори“, нагласи Стојаноска.
Таа додаде дека во минатата Влада предводена од СДС и ДУИ имаше само бројни скандали наместо проекти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа