Стигнаа резултатите од обдукцијата на починатиот брат на осомничениот убиец на Данка


Во Вишото јавно обвинителство во Зајечар пристигна извештајот од обдукцијата на Далибор Драгијевиќ, братот на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на девојчето Данка Илиќ во Бањско поле на 26 март.

– Високото јавно обвинителство Заечар денеска го прими обдукцискиот извештај од Институтот за судска медицина во Белград, по смртта на сега починатиот Далибор Драгијевиќ од Злот кај Бор. Извештајот од обдукцијата ќе биде разгледан во најкраток можен рок, по што ќе се постапи согласно одредбите од законот, за што јавноста ќе биде навремено информирана“,  се наведува во соопштението на ова обвинителство.

Резултатите од обдукцијата ќе ја покажат точната причина за смртта.

Далибор, е осомничен дека му помагал на својот брат да го премести телото на Данка по злосторството, а ја водел полицијата на неколку различни локации каде телото не било пронајдено.

22.04.2024 - 15:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега