Стигна и првата реакција на Москва за влезот на Финска во НАТО

 

 

По веста дека Финска утре ќе се приклучи на пактот за НАТО, официјална Москва веднаш најави зајакнување на силите на западот на земјата.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Груско изјави дека Русија ќе ги зајакне воените капацитети во своите западни и северозападни региони како одговор на очекуваниот пристап на Финска во НАТО, објави државната новинска агенција РИ.

За пристапувањето на Финска во НАТО потврдија од кабинетот на претседателот на државата. Финска станува полноправна членка откако турскиот парламент во четвртокот ја ратификуваше точката со која и се дозволува на Финска да се приклучи на НАТО, отворајќи го патот на Хелсинки да се приклучи на западната воена алијанса.

Турскиот парламент беше последниот меѓу 30-те членови на алијансата што го ратификуваше членството на Финска, откако претходно унгарскиот законодавен дом го стори тоа.

Финска и Шведска заеднички поднесоа барање за членство во НАТО во мај минатата година поради руската инвазија на Украина, но Турција го блокира пристапувањето на Шведска, која ја обвинува дека има засолниште на, како што вели, членовите на терористичките групи и побара нивна екстрадиција.

Анкара првенствено мисли на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), која ја смета за терористичка организација.

03.04.2023 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега