Стефковски: Започна градежна офанзива во Гази Баба, ќе се асфалтираат 30 улици


Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека е започната големата акција за асфалтирање на повеќе од 30 локални улици во Гази Баба.

Започна голема акција за асфалтирање на над 30 улици во Гази Баба, истакна Стефковски.

„Продолжуваат инвестициите во подобрување на патната инфраструктура!

Развојот и подобрувањето на патната инфраструктура насекаде низ општина Гази Баба останува наш врвен приоритет.

Како локална самоуправа и оваа година ќе извршиме асфалтирање на повеќе од 30 улици во Јурумлери, Идризово, Виниче, Булачани, Гоце Делчев, Инџиково, Керамидница, Ченто, Кирил Петрушевски, Хиподром, Раштак и други населени места.

Во изминатите две години извршивме реконструкција и ревитализација на повеќе од 60 локални улици“, напиша Стефковски.

02.05.2024 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега