Стефковски: Отворивме нова сензорна соба, единствена во Македонија од ваков тип

 
 
Денес, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја отвори новата сензорна соба во ООУ Наум Наумовски Борче во Маџари.
 
За отворањето градоначалник Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која што напиша:
„Отворена сензорна соба во ООУ Наум Наумовски Борче.
Со гордост можам да кажам дека сензорната соба од ваков тип е единствена од сите училишта во Македонија која е креирана по сите стандарди и преставува осмислена целина која содржи три различни простори потребни за инклузивно образование и тоа:
Простор за сензорна интеграција; Сетилна соба, и Простор за изолација.
Во рамки на сензорната соба е изграден и тоалет прилагоден за лица со посебни потреби.
Нашите заложби за инклузија на децата со посебни образовни потреби ги докажуваме преку реализација на проекти.
Еднакви образовни можности за сите деца е нашата крајна цел“ - напиша Стефковски.

31.03.2023 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега