Стефковски на марш со телесните инвалиди
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово се приклучи на одбележувањето на денот на Параплегија и Дистрофија со цел подигнување на јавната свест за лицата со овие дијагнози и состојби.
За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
„На покана на Здружението на лицата со телесен инвалидитет Мобилност Скопје се приклучив на одбележувањето на денот на Параплегија и Дистрофија со цел подигнување на јавната свест за лицата со овие дијагнози и состојби.
Како градоначалник давам поддршка на борбата за остварување на нивните права и кохезија во заедницата за еднакви можности.
Како луѓе кои во моментот извршуваме општествено - одговорни позиции имаме обврска да созаваме услови за постигнување на еднаквост помеѓу сите категории на граѓани.
Општина Гази Баба има одлична соработка со Здружението на телесни инвалиди Мобилност Скопје за што говорат проектите кои заеднички ги реализираме.“ - напиша Стефковски.
30.05.2023 - 12:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа