Стефковски: Дојави за бомби има во сите 11 училишта во Гази Баба

 

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека се пристигнати дојави за бомби во сите 11 училишта на територија на општина Гази Баба.

Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:
 
„Во овој момент ме информираа дека во сите 11 општински основни училишта на територија на општина Гази Баба има пристигнато дојави за поставени бомби.
Од страна на директорите на училиштата веднаш се спроведени протоколите за евакуација на учениците и сите дечиња во овој момент се надвор од училишните згради и се на безбедно.
За пристигнатите дојави е пријавено во надлежните институции и се очекува да започнат проверките на терен.
Изразувам најостра осуда кон креаторите на ваквите појави. Ова е недозволиво!
Апелирам и барам, надлежните институции да превземат итни и неодложни чекори и мерки со цел оваа појава час поскоро да запре. Недозволиво е вакви појави веќе подолг период да ги вознемируваат учениците и родителите." - напиша Стефковски.

22.02.2023 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега