Стефковски: 6.800 ученици ќе добијат бесплатни униформи

 

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална фејсбук страна информира дека во тек е постапката за набавка на бесплатни училишни униформи за сите ученици.

Во објавата Стефковски напиша:

„Со почеток на учебната 2023 / 2024 година, 6.800 ученици од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба ќе добијат бесплатна униформа.

Со реализацијата на овој проект се намалуваат социјалните разлики што ги има во секое општество и се постигнува чувство на еднаквост меѓу децата, без поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување, а притоа се намалуваат и трошоците на родителите на учениците.

Постапката за набавка на училишните униформи е во тек, а од буџетот на општина Гази Баба се определни 12.000.000 денари.

Дополнително реализираме и мерка за доделување на еднократна парична помош за секое семејство кое ќе има прваче во висина од 3000 денари, а истовремено општината субвенционира организирање на летен и зимски камп за најмладите.

Реализацијата на сите овие мерки и проекти се во насока на постигнување на еднакви можности за сите деца!“.

06.06.2023 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега